Македонскиот шампион во ракомет РК Вардар, веќе застанува на нозе откако беше соопштено дека црвено црните ќе ги напушни сега веќе поранешниот прв човек Сергеј Самсоненко.
Целата јавност реагираше на ваквото соопштение на Самсоненко дека ќе го напушти клубот а Тимур Дибиров открива како тие реагирале на неговата оставка.
Крилото на РК Вардар, Тимур Дибиров, на само една недела до големиот Ф4 турнир во Келн, беше гостин во емисијата која се емитува на Канал 5, „Еден на еден“, каде призна како изгледаше состанокот на кој на играчите им било соопштено дека газдата на клубот, Сергеј Самсоненко кој воедно е и близок пријател со Дибиров, заминува од клубот.
Јас бев изненаден што дознав истиот ден како и другите.Мислев дека секој од нас ден претходно би можелода наслушне некаква информација.Бевме погодени, тој ден и тренерот не пушти сите, бидејќи не бевме со паметот таму. Седнавме на кафе и саат време не зборувавме ништо, само го пиевме кафето. Бевме во шок, бевме изненадени, никој не го очекуваше тоа.му вели Дибиров на Жаре.
Погледнете го неговиот одговор во видеото објавено пред емисијата во недела:
Целото интервју со Тимур Дибиров, каде зборува за Вардар, навивачите Македонија,можевте да го погледнете на 26 мај, од 18.30 часот на Канал 5.