Словенечки тим на новинари и јутјубери ги собра најпопуларните модели од поранешна Југославија на едно место и со една цел – да ги одмерат силите на тркачката патека, односно авионска писта.
Мораме да признаеме дека Словенците дошле до генијална идеја, а ова е трка во која дефинитивно најмногу ќе уживаат југоносталгичарите. Кој е фаворит? Тешко е да се каже, но најлогично е да се обложиме на Југо 55 или Застава 101, со оглед на тоа што двата автомобили располагаат со „неверојатни“ 55 коњски сили.
Фолксваген Буба располага со 34 коњски сили, а тука е Застава 750, односно популарното Фиќо со скромни 25, Фиат 126 или популарната „Пегличка“ со 26, како и Рено 4 со 34 коњски сили.
Колку требаше да се работи во поранешна Југославија за да се купи автомобил?
Многумина денес со носталгија се потсетуваат на „златните времиња“ во поранешна Југославија, како животот бил поубав и полесен, а многу работи биле подостапни.
Кога зборуваме за поранешна Југославија, не може да не ги спомнеме автомобилите што се возеа во тоа време.
Понудата на достапни автомобили беше скудна, а за најевтиниот од сите „југовци“, Yugo 45 Koral, просечниот граѓанин требаше да работи 30 месеци. Притоа, ова беше вториот најевтин автомобил на пазарот.
Подостапен од него беше Fiat 126, попознат како „пегличка“, модел што во еден период исто така го произведуваше Zastava.
Кон крајот на 80-тите „пегличка“ доби мотор со 26 коњски сили и поголем простор во кабината. За овој автомобил беа потребни 19 просечни плати.
Со една месечна плата плус, просечниот Југословенец можеше да си дозволи Škodа 120L, а вкупно 35 просечни плати требаше да се издвојат за Renault 4.
Најдостапен компактен семеен автомобил беше „стокец“ за 38 плати, а по него следеа руските Moskvič Aleko (42 просечни плати) и Lada Samara за 54.
Средната класа сепак бараше нешто повеќе, на пример Yugo Floridа за која требаше да се издвојат 75 просечни месечни плати, или VW Golf II diesel за кој требаше да се работи 96 месеци или полни осум години.
Renault 19 и Fiat tipo беа поскапи за некоја плата плус.
Полека доаѓаме до најскапите автомобили во тоа време што ретко можеше да се видат по патиштата низ Југославија. Приказната ја отвора италијанската убавица Alfa 164 со фантастичен V6 мотор и цена во противвредност од 322 просечни плати. Уште поскапа беше Opel Omega, како и францускиот Renault 25, за кој просечниот југословенски работник требаше да работи 404 месеци, односно целиот свој работен век.
На самиот врв се наоѓаа германските ѕверки – за BMW 750iL беа потребни 912 просечни плати или точно 76 години работен стаж, а за Mercedes 560 SEC требаше да се работи 1.231 месец, односно просечниот работник да одработи нешто повеќе од 102 години работен стаж.