АНТИЌ ГО ИМЕНУВАШЕ ГЕЧЕВСКИ ЗА НОВ СПОРТСКИ ДИРЕКТОР, ГЕОРГИЕВСКИ ИЗБРАН ЗА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР

ИЗВОРСкопје24
|

Новиот претседател на КФСМ Перо Антиќ, денеска ги промовираше совите соработници. Очекувано, луѓето кои беа најблиски до претседателот, добија функции. Така Владимир Георгиевски во иднина ќе ја извршува функцијата на Генерлане секретар во Федерацијата, а Тодор Гечевски ќе биде нов спортски директор.

Претходно од овие функции беа разрешени Моника Гавриловска и Владимир Темелковски, кои беа соработници со минатиот претседател Петар Наумоски.

Функцијата Комесар за натпреварување ќе ја има Лазар Гечервски, а младинските лиги во иднина ќе бидат под „палката“ на Томче Дишлиев.

На ред е именување на нови селектори во младинските категории, а нов предводник ќе добие и сениорскиот национален тим.

Антиќ е човекот кој прави големи промени во КФМ.

Антиќ почнал да игра кошарка на 11-годишна возраст, заедно со неговиот брат Александар во младинските школи на “КК Работнички”, како и во кадетската и јуниорската репрезентација на Македонија. На возраст од 16 години го направил своето деби во првиот тим на клубот. На 17 години, отишол на колеџ во САД.

Во својата богата играчка кариера, 36-годишниот Антиќ беше дел од Работнички, АЕК, Црвена ѕвезда, Лукоил, Санкт Петербург, Олимпијакос, Фенербахче. Од 2013-2015 настапуваше за Атланта и беше првиот Македонец во НБА-лигата.

Покрај многуте трофеи од националните првенства, Антиќ има и три титули европски шампион. Беше член на македонската репрезентација која на ЕП 2011 во Литванија го освои 4. место.