Ракометарите на Вардар добиваат голема поддршка на само еден ден до дуелот со екипата на Барселона. Во Келн неколку легенди на клубот ќе навиваат од се cpце за Вардар и ќе се надеваат на пласман во големото финале кое се игра в недела од 18.00 часот.
Ирина Дибирова (екс тренерот на ЖРК Вардар), славниот македонски ракометар Пепи Манасков, потоа екс голманот на РК Вардар, Петар Ангелов – Диви и миленикот на црвено – црната” apмија на навивачи Илија Абутовиќ, се само дел од неколкуте познати имиња кои утре ќе му даваат поддршка на нашиот тим директно од „Ланксес Арена“ кој буди убави сеќавања.
Да не заборавиме, присуство најави и почесниот претседател на клубот, Михајло Михајловски.
„Црвено-црна“ доминација: Пет вардарци во идеалниот тим на ЛШ!
Европската куќа на ракометот (ЕХФ) пред стартот на Ф4-турнирот во Келн го објави идеалниот тим на Лигата на шампионите, а во него доминираат ракометарите во „црвено-црна“ опрема, односно на Вардар.
Пет вардарци се најдоа во идеалниот тим, во сите конкуренции, биран од страна на навивачите. Македонскиот претставник на Ф4-турнирот меѓу најдобрите ги има најдобриот голман, лево крило, десен бек, десно крило и тренер.
ИДЕАЛЕН ТИМ НА ЛШ:
Голман: Дејан Милосављев (Вардар) Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар) Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ) Среден бек: Кентин Мае (Веспрем) Кружен напаѓач Јулен Агинагалде (Киелце) Десен бек: Даинис Кристопанс (Вардар) Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар) Дефанзивец: Блаж Благотиншек (Веспрем) Млад ракометар: Лудовик Фабрегас (Барселона) Тренер: Роберто Гарсија Парондо (Вардар)