Фосилните горива се сè уште најпопуларниот начин за движење на автомобилите, авионите и бродовите, но исто така се и извор на супстанци за произведување на цела низа производи што ги користиме во секојдневниот живот.
Меѓутоа, научниците на Универзитетот во Торонто откриле нов начин на кој, гориво во иднина би можеле да добиваме од воздух.
Тие развиле нов електрохемисли пат за трансформирање на CO2 во основна супстанца од која можат да се произведат производи како гориво за авиони или пластика.
Лидерот на истражувачкиот тим, Тед Серџет, вели дека технолошки веќе е возможно да се одвои CO2 од воздухот, но таа постапка е многу комплицирана и бара многу енергија.
Канадскиот тим сфатил дека може да се искористи електролизата, која се користи за произведување на водород од водата, за производство на стопен јаглерод во СО2.
Нивниот електролизатор содржи катализатор заснован на сребро кое CO2 го претвора во мешавина на гас кој се нарекува синтетички гас, а кој може да се користи во производство на многу различни производи.
Научниците предупредуваат дека е потребно уште малку работа и истражување, за целиот процес да може да се кристи во индустријата, но докажале дека тоа е невозможно.
Со оваа технологија би се решиле два многу големи проблеми – скапото гориво и емисии на СО2 во атмосферата.