Вардар се пласираше во големото финале на завршниот турнир во Лигата на шампиони откако ја победи Барселона со магичен пресврт во второто полувреме. „Црвено-црните“ славеа со 29-27 иако на полувремето и до 40-тата минута имаше негатива од дури седум голови разлика. Вардар стана првиот тим во историјата на завршните турнири во Келн што дошол до победа откако на полувреме имал неатива од седум голови.
Во првиот дел ништо не одеше во прилог на „вардарци“ кои беа безмилосно беа казнувани од Барселона за секој утнат зицер. Слабата реализација на нападите придонесе „каталонците“ на полувремето да водат со 16-9, а оваа предност ја одржуваа и до 40-тата минута. Тука почна пресвртот на Вардар, полека ја топеш негативата, а клучниот исчекор кон големата победа го направи при резултат 25-19. следуваше серија од серија од 9-1 со дојде до предност од 28-26 на минута до крајот на натпреварот. Барселона немаше ниту време, ниту сили за нешто повеќе, па вардар славеше со 29-27 и го повтори успехот од 2017 година, кога исто така преку шпанскиот гигант стигна до големото финале. овој пат таму ќе го чека Веспрем.
Даинис Криштопанс одигра фантастичен натпревар и беше најдобар стрелец со 10 голови, Игор Карачиќ постигна пет, четири голови имаше Фереира Мораеш. Дејан Милосављев имаше 15 одбрани на голот на Вардар.
Алеиш Гомез со девет голови беше најефикасен во редовите на Барселона.
Извор: telma.com.mk