Парондо по Барселона: Клучната реченица им ја кажав на моите играчи на полувреме

ИЗВОРСкопје24
|

Барселона прв пат ја шокиравме во 2017 година, две години подоцна им го направивме истото во истиот град, Келн.

Вардар со машки изиграно прво полувреме пружа неверојатен отпор го сврте резултатот, дури и шпанските коментатори зборуваа „дали по втор пат ќе ни го приредат ова“, мислејки на Вардар.

По мечот и големото славје, Парондо на пресконференцијата потенцира што било клучно за да се дојде до оваа така посакувана победа.

„Среќни сме, ја победивме Барселона, една од најдобрите екипи во Европа. Горди сме што повторно ќе бидеме дел од едно финале. Првиот дел не ни беше баш најдобар, имавме негатива од 7 голови, во разговор со играчите, им реков дека кога ќе излезат во второ полувреме, да размислуваат дека ние сме таа екипа која води +2 на полувреме. Можам да кажам дека сум горд на момците и постигнатото, ова е нешто неверојатно“, констатира Парондо.

Концертот на Стинг ќе почека, прво Вардар да го изгледаме во финале

Прво да го изгледаме финалето во ракометанта Лига на шампиони, па после на концерт на Стинг. Утре во 18 часот во Келн е завршницата на ракометанта ЛШ во која се пласираше Вардар, а потоа е концертот на Стинг на Градскиот стадион во Скопје.

Првпат во својата кариера, големиот британски музичар го помести почетокот на свој концерт поради разбирањето за еуфоријата која владее кај нас кога игра Вардар.

Вардар го игра финалето со Веспрем од 18 часот и музичкиот спектакл на Градскиот стадион првично требаше да стартува во 20 часот, но организаторот „Авалон продукција“ успеа да издејствува настапот на триото на Влатко Стефановски да почне во 20.30 часот, додека Стинг излегува на сцена во 22 часот, половина час подоцна од предвиденото.