Ако треба без една нога и со една рака ќе ви играм! Одиме до крај!!! Ова им го порача капитенот на „Вардар“ Стојанче Стоилов на ракометарите на Веспрем.
Видеото погледнете го ОВДЕ.
Вардар вечерва од 18 часот против екипата на Веспрем игра за својата втора титула во Лигата на шампионите.
Црвено-црните направија фантастичен успех и се изборија за финале во Лигата на шампионите.
Напред момци, Ви стискаме палци!
ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Карачиќ пријавен за големото финале на ЛШ, еве со кој тим ќе истрча Вардар на теренот
Роберо Гарсија Парондо го пријави тимот за финалето на Лигата на шампионите попладнево во Келн. И покрај проблемите по полуфиналните натпревари, во официјалниот состав се најде повредениот Игор Карачиќ.
Финалето ќе го судат Германците Гепег и Хелбиг, а делегат на ЕХФ е Марко Треспиди од Италија.
Огромниот успех на ракометарите на Вардар предизвика еуфорија во нашата земја, па градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најави масовно гледање на финалето на вио бим на плоштад.
Градот Скопје, на нашиот плоштад на видео бим организира заедничко следење и бодрење за новиот триумф на Вардар и неговата нова европска шампионска титула. Ајде масовно сите на плоштад. Еден е Вардар!!! Едно е Скопје!!!, повика Шилегов.
За потсетување Вардар со неверојатна игра во второто полувреме ја победи Барселона, македонскиот тим се врати од седум голови негатива и денеска во финалето со Веспрем ќе се бори за шампионската титула.
Лудо, Вардар со неверојатен пресврт ја победи Барселона и ќе игра во финале! Чудо во Келн, Вардар со неверојатна игра во второто полувреме ја победи Барселона, македонскиот тим се врати од седум голови негатива и денеска во финалето со Веспрем ќе се бори за шампионската титула.
Вардар повторно ќе игра во финале од Лигата на шампионите, и повторно преку Барселона! Речиси никој не се ни надеваше дека македонскиот тим ќе може да направи чудо откако имавме негатива од седум голови разлика, но чудо се случи!
Првото полувреме наговестуваше дебакл за Вардар и покрај феноменалната парија на Милосављев. Голманот во првиот дел фати 13 топки, а неговите соиграчи дадоа само седум голови. На одморот заминавме со негатива од дури седум голови разлика.
Но работите полека почнаа да се менуваат во вториот дел, негативата на Барселона се топеше, а полека се враќаше надежта дека може да се направи снезација.
Криштопанс беше убедливо најдобриот на теренот, и со неверојатна игра Летонскиот џин го однесе Вардар во финалето.
Скопје и Македонија повторно има претставник во финалето на ракометната Лига на Шампиони. Браво ВАРДАР!