Финалето на Ф4 турнирот во Келн почнува од 18 часот, а екипата на Вардар во него ќе се бори за победа против составот на Веспрем за трофејот.
После вчерашната победа над Барселона вардарци сакаат уште еден триумф за уште поуспешен викенд во Келн. Им претсојат можеби најтешките 60 минути, но јасно е дека денеска на вакви средби се раѓаат шампионите.
Сите се подготвени за максимум и сите ќе бидат на терен за да го покажат најдоброто и да дојдат до нова радост.
За разлика од вчера денеска натпреварот ќе биде пренесуван на првиот канал на АренаСпорт, а доколку овој канал го немате кај своите оператори тогаш можете да го следите на следните линкови.
Капитенот Стојанче Стоилов вчера стави печат на големата победа над Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите. Во текот на цела сезона тој постојано повторуваше дека во Вардар има посебна хемија, дека играчите се вистински херои, дека се родени победници…Сите овие зборови не беа напразно кажани.
Точно е дека „црвено-црните“ во пресметката со Веспрем влегуваат далеку поуморни, но како што вели големиот борец заморот не може да биде алиби, одат до крај за Вардар, за оваа наверојатна сезона…
„Зошто да не направиме ново чудо, со победивме најдобриот тим во светот, сега Веспрем треба да мисли за нас. Тие имаат поголем ростер, но ова е еден натпревар, заморот не е алиби. Ние сме победници, имаме таков менталитет. Секој од нас сака да победи и во помали работи, а не пак на Ф4 во Келн. Овие момци се херои, жал ми е што немаме поголем збор во нашиот речник“