Вардаровата клупа понесе голем терен на патот до шампионската титула. Сите ракометари кои добија шанса од Парондо, максимално ја искористија, вложија труд и енергија да покажат дека и тие се важен елемент во успехот.
Данил Шишкарев раскажа еден интересен детаљ кој ја насмеа присутната публика на плоштадот „Македонија“.
„Сакам да станам Македонец, барам една година пасош, но никој не ми дава. Ова е победа за вас, за нас, за цела Македонија. Еден живот, еден љубов“, порача руското крило.
Погледнете ја изјавата на Данил Шишкарев:
Руското крило е еден од осуммината кои во својата колекција има две европски титули во три години во вардаровиот дрес.