Битолчанец во центарот на вниманието: Објасни зошто не се радува за Вардар

ИЗВОРСкопје24
|

Додека цела македонска јавност се радува на успехот на Вардар, на социјалните мрежи постојат и навивачи кои не се импресионирани од европската титула.

Причината е вечното ривалство меѓу Битола и Скопје, односно Пелистер и Вардар. Иако на спортски план истото од поодамна е згаснато, никогаш нема да се заборават директните дуели на фудбалските и ракометните терени во минатото.

Токму тоа ги тера „Чкембарите“, навивачката група на пелистерци, да не го величат она што македонскиот првак го направи во Лигата на шампионите, најсилното клупско натпреварување во Европа.

Во продолжение прочитајте ја пораката на Марио Јаневски и неговите причини поради кои не скока од радост за вардаровиот тим:

„Често ми го поставуваат прашањето, зошто не сум се радувал на успесите на Вардар.

Па ќе се обидам на кратко да ја доловам мојата перцепција и емоции кон успесите на вардар.

Јавна тајна е дека Вардар е финансиран од нашите пари. Од државни. Од даноците што ги плаќаме ние граѓаните на Битола, И вие на, Охрид, Струмица, Прилеп, Берово, Куманово, Кочани…со цел да профитира само еден спортски колектив од главниот град. Па така додека се радувате, присетете се зошто немате ни едно единствено нешто со кое може да се пофали вашиот град и да бидете горди.

Во превод, државата ги дискриминира своите граѓани. А на дискриминација не би можел да бидам горд.

Треба ли да бидам горд на “Македонски” тим, кој нема произведено ниту еден репрезентативец, составен од колонија на Шпанци, Руси, Хрвати…
Да не се лажеме. Вардар не е Македонија, ниту Македонија е Вардар.

Не би можел да се радувам, а истовремено на плоштадот во Скопје при прославата да има погрдни скандирања за Битолчани и Битола.

Кантона не за бадијала рекол:
“Можеш да ја промениш својата жена, својата религија, политичката партија…Ама никогаш тимот за кој навиваш”

Исто како што не можеш да го промениш семејството.
Можеби уште два животи, мојот тим нема да постигне успеси како државниот клуб од Скопје, но тоа не значи дека љубовта ќе исчезне. Исто како и со родителите. Ги сакате без разлика дали некое друго дете има побогати родители.

За да се движи напред на општеството му е потребен одреден кванититавен однос на спротивности: хармонија и дисхармонија, слаби и јаки, богати и сиромашни.

Исто е и во спортот. Ривалството е она кое го движи спортот кон подобрување.

Да си лојален на еден тим значи дека имаш високо развиено чувство да се идентификуваш со некоја заедница, група, колектив.
Без чувство на припадност лесно ќе те контролираат.

Честитки за оние вистинските навивачи на Вардар, а останатите запрашајте се, на што се гордеете?

Се гордеете на рунирани градови низ Македонија, со катастрофални услови за живот само за да им е удобно на граѓани од еден град?

Еднаш зелено-бел,
СЕКОГАШ зелено-бел !!“

Често ми го поставуваат прашањето, зошто не сум се радувал на успесите на Вардар.Па ќе се обидам на кратко да ја…

Gepostet von Марио Јаневски am Montag, 3. Juni 2019