ФОТО: Милосављев се збогува со Комити со стиховите од „Ја излези Ѓурѓо“

ИЗВОРСкопје24
|

Српскиот голман на новиот европски првак Вардар, Дејан Милосављев после само една година заминува од таборот на црвено-црните.

Денеска, после после спектакуларниот пречек, српскиот голман емотивно на Фејсбук се прости од најверните навивачи.

Тоа го направи со стиховите од песната „Ја излези Ѓурѓо“, која веќе од поодамна е една од хитовите на вардаровите навивачи.

Стоилов откри: Уште еден ракометар си оди од Вардар

Ракометарите на Вардар вчера беа дочекани од илјадници навивачи и граѓани од цела Македонија, кои дојдоа на плоштадот во Скопје да ги видат и поздрават шампионите.

Капитенот на клубот, Стојанче Стоилов прв ѝ се обрати на публиката која му возврати со овации, а потоа откри кој ракометар си заминува од клубот.

Веќе е познато дека си оди Рожерио Мораеш, Игор Карачиќ, Дејан Милосављев, Глеб Калараш и Дмитри Кисељев, а синоќа Столе ни откри дека си оди и Јања Војводиќ кој на крај беше поздравен.