Уште една одлична вест од Вардар: „Џинот“ останува црвено-црн

ИЗВОРСкопје24
|

Десниот бек на Вардар, Даинис Криштопанс си оди од Скопје но останува уште една сезона во редовите на Европскиот шампион.

Како што е добро познато летонскиот „џин” потпиша договор со ПСЖ кој му почнува од 2020 и засега нема никакви информации дека побарал предвремен раскин на договорот и премин една година порано.

Значи, во овој момент останува еден од главните ракометари за наредната сезона, што е голем плус за тимот од Скопје ако се земе во предвид како игра „џинот”.

Одговорот кога Криштопанс ќе се пресели во Париз, ќе го добиеме веројатно истовремено со плановите на Вардар за следната сезона. Засега стои дека и следната сезона Летонецот ќе игра во Вардар!

И Дибиров останува во Вардар, клубот ќе биде спасен!

Рускиот репрезентативец, Тимур Дибиров, по се излгеда ќе остане во Вардар во следната сезона. Вардар викендов стигна до втората европска круна откако во финалето го совлада унгарски Веспрем (27-24).

Крилниот играч, за руските медиуми потврдил дека ќе остане во Скопје.

„Следната сезона ќе ја поминам во Вардар. Клубот ќе биде спасен, а ситуацијата е многу подобра“, рече Дибиров.

Кај старо-новиот европски шампион, сезонава владееше беспарица, но според последните информации клубот ќе биде спасен, а тоа значи дека и понатаму ќе го гледаме помеѓу најсилните европски клубови.

Шишкарев: Сакам да станам Македонец ама не ми даваат пасош

Шишкарев се пошегува кога го доби микрофонот на големиот пречек во Скопје и кажа дека сака да стане Македонец, но не му давале пасош.

-Сакам да станам Македонец, ама не ми даваат уште пасош. Јас го барам една година, ама тие не сакаат да ми дадат. Луѓе ви честитам. Ова е голема победа за нас, за вас, за цела Македонија. Еден живот, една љубов, вели Шишкарев.