Српските коментатори Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ ги освоија симпатиите и срцата на македонските ракометни навивачи поради нивниот професионализам, но и емотивност при преносите на натпреварите на Вардар во текот на целата сезона во Лигата на шампионите.
Бидејќи македонската јавност беше лишена од правото да ги следи настапите на Вардар во ЛШ на македонски јазик, на некоја од националните телевизии, мораа да се снаоѓаат за да ја следат „Арена Спорт“ која пак ја нема на сите оператори во државата. Но, Стевановиќ и Рашковиќ со својот начин на коментирање не само што им го намалија тоа чувство на неправда на македонските фанови, туку и целосно успеаја да ги освојат симпатиите на целата јавност и затоа вчера заслужено пристигнаа на пречекот во Скопје заедно со ракометарите, а кога се појавија на бината добија огромни овации и аплаузи.
„Арена Спорт“ се пофали дека двајцата беа дел од фантастичната атмосфера на величествениот пречек во Скопје, а исто така откри и дека Стевановиќ и Рашковиќ добиле „Златно перо/микрофон“, престижна награда која ја доделува Здружението на новинари на Македонија.
https://twitter.com/TV_ArenaSport/status/1135818580971401216?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1135818580971401216&ref_url=https%3A%2F%2Fsportclub.mk%2Farena-sport-se-pofali-komentatorite-dobile-prestizhna-nagrada-vo-makedonija-a-edniot-i-drzhavjanstvo-po-itna-postapka%2F
Од „Арена Спорт“ потоа и на шега се огласија дека Стеван Стевановиќ добил и „државјанство“ по итна постапка, но секако дека станува збор за шега.
https://twitter.com/TV_ArenaSport/status/1135825553393668096?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1135825553393668096&ref_url=https%3A%2F%2Fsportclub.mk%2Farena-sport-se-pofali-komentatorite-dobile-prestizhna-nagrada-vo-makedonija-a-edniot-i-drzhavjanstvo-po-itna-postapka%2F