Дојдоа на Ф4 во Келн да играат, да победат, да бидат шампиони. И успеаја во тоа. Најтешкиот меч го одиграа во полуфиналето против Барселона. Имаа и негатива од 9-16 на полувреме. Малкумина во салата им даваа шанса дека можат да се вратат, да направат пресврт, да стигнат до финалето. Само тие веруваа во себе и покажаа како се игра со срце.
Но, не беше се така лесно. особено во полуфиналето кога на полувреме тимот од Шпанија имаше предност од 16-9. Но, една порака, еден говор на Игор Карачиќ ќе смени се.
„Влеговме во соблекувалната. Имавме негатива. Иван Чупиќ почна да зборува. Веднаш го прекинав. Им велам на момците. Па ние губевме во Битола и девет гола од Еурофарм Работник, па победивме. И што е послаб Еурофарм од Барселона. Ајде да играме како што знаеме. И така беше, знаевме дека ако тргнеме ништо нема да не спречи. Така и беше. Се друго видовте. Нам ни беше потешко со Барселона. За финалето со Веспрем бевме убедени дека ќе победиме. Унгарците немаа шанси во тој дуел, вели Игор Карачиќ.
Еуфорични 15 минути во второто полувреме со Барселона донесе на крајот триумф од 29-27. Потоа се е историја…
Кјелце се откажа, Скубе останува во Вардар
Сташ Скубе и во следната сезона ќе го носи дресот на Вардар откако Кјелце повторно се откажа од намерата да го доведе Словенецот во своите редови, пишува екипа.мк.
Сопственикот Бертус Сервас во текот на вчерашниот ден објави дека повторно почнал разговори со Скубе, но денеска тој самиот објави дека клубот донел дефинитивна одлука – да не го ангажира бекот на Вардар.
Ова е одлична вест за „црвено-црните“, со оглед на фактот дека Скубе експресно се наметна како еден од лидерите на Вардар во оваа фантастична сезона во Лигата на шампионите.