Македонската ракометна репрезентација ја чекаат два квалификациски меча за крај против Турција и Грција, а на еден од нив, селекторот Данило Брестовавц ќе може да смета на пивотот Столе Стоилов.
Стоилов го мачи повреда на менискусот одредено време, но ќе стисне заби и ќе игра на дуелот против Турција на гостински терен. Потоа ќе оди на операција и нема да може да игра на дуелот против Грција во Струмица.
Македонија гостува во Турција на 12 јуни, а четири дена подоцна го игра дома последниот меч. Со две победи, нашиот национален тим ќе оди на ЕП 2020 како лидер во групата и ќе има привилегија во ждрепката за наредниот континентален собир.
Македонската репрезентација некомплетна ќе ги стартува подготовките за последните два квалификациски дуели против Турција и Грција за пласман ЕП 2020 година.
Селекторот Данило Брестовац дефинитивно нема да може да смета на услугите на Дејан Манасков, кој поради повреда не може да им помогне на своите соиграчи.
Репрезентативецот пред фајнл-фор завршницата во ЛШ на десната нога имаше хематом, иако се надеваше дека ситуацијата ќе се среди, сепак препораките од докторите е дека треба да мирува, во спротивно неговата состојба ќе биде плоша.
Во моментов Борко Ристовски е под инфузија поради настинка, но ќе биде на нозе за некој ден.
На првата прозивка не се појавија Кирил Лазаров, Филип Талески, Филип Кузмановски, Гоце Георгиевски,…