ХАБИБ САКА РЕВАНШ СО МЕКГРЕГОР: ТРЕБА ДА РАСЧИСТИМЕ НЕКОИ РАБОТИ

ИЗВОРСкопје24
|

Хабиб Нурмагомедов изјави дека има недовршена работа со Конор Мекгрегор и сака да добие уште една борба со него. УФЦ шампионот наскоро ќе се врати во октагонот по 9-месечната суспензија. Тој веќе има закажано дуел со Дастин Порие во Абу Даби на 7 септември.

Дагестанецот најави дека сериозно размислува за втор дуел со Мекгрегор, но засега двата преговарачки тима немаат разговарано на оваа тема.

„Ние сѐ уште не завршивме по она што се случуваше на 6 октомври” , вели Хабиб.

„Се уште имаме нерасчистени работи, па планираме да напишеме нова историја и да покажеме дека сме тука. Да се ​​биде високо во планините, може само со одредени успеси. Треба да се потврди кој е најдобар“, вели Дагестанецот.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт потврди дека е апсолутно можно публиката наскоро да добие реванш меѓу Нурмагомедов и Мекгрегор.

„Конор сака да се бори. Конор сака реванш со Хабиб, а еве и Хабиб е рапсоложен. Зошто да не. Ќе видиме што е следно“, изјавил Ирецот.

Пензијата траеше само една недела: Конор Мекгрегор најави враќање во октагонот

Контроверзниот УФЦ борец, Конор Мекгрегор го шокираше спортскиот свет кога пред нешто повеќе од една недела на социјалните мрежи најави пензионирање од овој спорт.

Тогаш Ирецот на својот „Твитер“ профил напиша дека е време за пензија, но многумина неговата порака не ја сфатија со сериозност.

Сега, по само една недела од таа порака се покажа зошто спортските аналитичари не го сфатија сериозно Конор Мекгрегор.

Борецот повторно со објава на својот „Твитер“ профил најави наскоро враќање во октагонот.

– Сакам да одам напред, со моите фанови од сите вери. Сите вери не предизвикаа да бидеме најдобрите. Ова е еден свет и е еден за сите. Сега се гледаме во октагонот, – напиша Конор Мекгрегор.