И покрај завршувањето на фудбалската сезона, Серхио Рамос, сè уште е во фокусот на вниманието кај шпанската јавност. Овој пат не заради фудбалскиот терен, туку поради својата свадба со Пилар Рубио.
Подготовките за „свадбата на столетието“ како што ја нарекуваат во Шпанија се во завршна фаза, а Рамос својата најлуда ноќ ќе ја овековечи и со присуство на легендарната рок група AC/DC.
Австралиските музичари ќе бидат специјални гости на оваа веселба, а капитенот на Реал Мадрид за нивното учество ќе одвои неверојатни ЕДЕН милион евра.
Рамос и Рубио шест години се во врска, а нивната свадба која ќе се одржи во гласовната катедрала во Севиља ќе биде збогатена со присуство на голем број на популарни личности меѓу кои и Дејвид и Викторија Бекам, Шакира, Зидан.
Извор: gol.mk