Никој не веруваше дека Роберто Гарсија Парондо ќе може во најтешката година за Вардар да направи чудо, па колективот со големо срце и огромен карактер да го однесе не само на фајнлфор, туку и до европска титула, што се случи пред две недели во Келн.
Парондо како европски првак си заминува од Вардар, црвено-црните веќе го промовираа својот нов кормилар, Хосе Писонеро, кој е другар и со Раул Гонзалез, првиот што донесе европска титула во Скопје, а и со Парондо – творецот на чудото во Келн. Писонеро треба да продолжи таму каде што застанаа двајцата сонародници, а доскорешниот кормилар призна во интервју за СЕХА-лигата дека многу му е тешко што си оди од Македонија, пред сѐ зашто семејството не ни сакало да си оди од Скопје, кое останува во неговото срце.
„Жал ми е што ќе си одам. Многу размислував за оваа одлука, но треба да си заминам. Играчите знаат што мислам и како се чувствувам, дека имавме одлучувачка соработка. И сега тоа чувство не сакам да го расипам. Јас сакам само да им се заблагодарам на сите во Вардар и на сите што ме поддржуваа. Минав две прекрасни сезони.
Моето семејство не сакаше да си оди, зашто во Скопје им е прекрасно. Многумина ми се заблагодаруваат, ама јас треба да им заблагодарам на сите. Скопје секогаш останува во моето срце“, вели Парондо.
Целото интервју прочитајте го на Спорт1.мк