Митревски: Раката боли, нека боли, најважна е Македонија (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Никола Митревски од меч во меч воодушевува, македонскиот репрезентативец веќе долго време царува на мрежата. По завршување на дуелот со Грција имаше болки, левата дланка мораше веднаш да ја стави во мраз. Екипата на Спорт медија го праша што му е, тој кратко искоментира.

„Нека боли, не е важно тоа, најважна е Македонија и победата над Грција“

Столе Стоилов денеска неможеше да им биде на располагање на своите колеги и селекторот Брестовац за мечот со Грција, но затоа будно го следеше преку ТВ.

Тој по победата над нашиот јужен сосед, на социјалните мрежи објави фотографија на која јасно се посочува кој го смета тој како играч на натпреварот.

Митревски имаше уште еден добар натпревар и неколку одбрани, а Стоилов го прогласи за крал на социлајните мрежи.

По натпреварот нашите ракометари имаа повеќе причини за славење. Едната е пласманот на Европското првенство од првото место во групата, а другата победата над Грција. И овој пат со веќе неизбежното победничко селфи од соблекувалната го искажаа задоволството од постигнатото сезонава.

Во продолжение селфи фотографии од соблекувалната на Македонија…