Игор Карачиќ по седум минати години во Вардар, во текот на вчерашниот ден и официјално позираше и потписа во дресот на Кјелце.
Утрово по пат на „Инстаграм“, со емотивно видео Тимур Дибиров се збогуваше од Хрватот, а во објавата го означи и капитенот Стојанче Стоилов.
По објавата со коментар се огласи и Карачиќ кој напиша: Брат мој.
Несомнено е дека другарството како на терен така и надвор од него помеѓу Карачиќ со играчите на „црвено-црните“ е големо и неговото отсуство следната сезона ќе биде секако видливо.
Видеото погледнете го ТУКА.
Македонски репрезентативец пред потпис со Вардар
Лево крило на тимот на Металург, Димитар Димитриоски, за следната сезона e многу блиску да го облече дресот на актуелниот европски шампион Вардар. Во наредниот период се очекува двете страни да ги договорат деталите околу трансферот на младиот македонски ракометар во „црвено-црното“ семејство. Тој ќе му биде поддршка на Тимур Дибиров на левата крилна позиција за наредната сезона.
Димитриоски потекнува од Прилеп, а ракометната и спортската јавност го запозна низ настапите за Металург Јуниор и Металург. Веќе три сезони е член на првиот состав од Автокоманда, зад себе има запишано бројни натпревари од СЕХА лигата и Лигата на шампионите.
Тој е сениорски репрезентативец, повредата го спречи да дебитира на Мундијалот во Германија и Данска, но затоа настапи на последните две средби од квалификациите за Европското првенство против Турција и Грција.
Димитар Димитриоски ќе биде првото засилување за Вардар од Македонија. Иако започнаа преговори со низа ракометари, засега од „црвено-црниот“ табор нема официјална потврда за новите ракометари кои треба да ја бранат титулата во Лигата на шампионите.