Стоиолов се опоравува од операцијата на коленото и се е во ред со капитенот на Вардар и македонски репрезентативец.
Оперативниот зафат беше извршен во „Аџибадем Систина“ од каде информираат дека очекуваат брзо опоравување и ќе почне со вежби и физикална терапија.
„Неколку дена по зафатот капитенот на денешниот контролен преглед не информираше дека се чувствува одлично и дека е среќен што повеќе ја нема болката која му ги отежнувала секојдневните активности. Од утре Столе може да почне со вежби и физикална терпија, кои ќе потпомогнат за побрза рехабилитација“ – стои во информацијата од болницата.
ФОТО: Го смени дресот ама навиките останаа исти, Карачиќ побара мислење од Столе
Игор Карачиќ денеска и официјално беше промовиран како ново засилување на Келце. Хрватскиот репрезентативец е еден од оние играчи кои стана заштитен знак на Вардар, по седум години минати во во таборот на македонскиот тим одлучи дека е време за нов предизвик.
Откако завршија сите формалности, Карачиќ преку социјалните мрежи му се обрати на Стојанче Стоилов. Го одбра бројот на капитенот на Вардар, па го праша пикерот за оваа негова одлука на оригинален начин.