Нашиот млад и голем шампион Алили беше пречекан од голем број граѓани во Плоштадот Скендербег.
Европскиот кадетски шампион во борење, Бесир Алили вечерва се врати во Скопје. Oпштина Чаир и Боречкиот клуб „Лирија“ организираа свечен пречек за шампионот Алили.
Нашиот млад и голем шампион Алили беше пречекан од голем број граѓани во Плоштадот Скендербег, а пред насобраната толпа се обратија и градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и на град Скопје, Петре Шилегов.
Македонскиот борач Бесир Алили на Европското првенство во Фиренца (Италија) во едно неизвесно финале за златото го совлада Хованисјан од Ерменија.
Видеото погледнете го ТУКА.
Да потсетиме Бесир Алили, од македонскиот боречеки клуб „Лирија“ пред два дена освои златен медал на Европското кадетско првенство во Фиренца, Италија, Тој стана европски шампион во борење во категоријата слободен стил до 48 килограми, откако во финалето победи со 7-6 против Харутјун Хованисјан од Ерменија.