Дојде време да ја соопштам одлуката за заминување од Барселона, го објави заминувањето од каталонскиот гигант, најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова.
Таа се сели во Мадрид каде фудбалската кариера ќе ја продолжи во Атлетико.
Андонова преку социјалните мрежи потврди дека збогува од Барселона:
– Дојде време да ја соопштам одлуката за заминување од Барселона, клуб кој ми ги отвори вратите пред две години и секој ден потоа ме натера да се чувствувам како дел од семејството. Ова беа две неверојатни, но тешки сезони, бидејќи од различни причини не можевме да ја покажеме нашата супериорност во клучните моменти. Заминувам со чувството дека имам дадено сè за да помогнам и свесна сум дека ја добив љубовта и професионалноста на ова големо семејство до степен до кој заслужуваме како професионални фудбалерки, напиша Андонова.