Познати ривали за Вардар: Финалистите од Келн во иста група и во новата сезона

ИЗВОРСкопје24
|

Екипите на Вардар и на Веспрем и во новата сезона од Лигата на шампионите ќе играат во иста група. Финалистите од последниот Ф4 турнир во Келн се најдоа во Групата Б, па ќе имаат нови пресметки во групната фаза што значи дека ќе биде максимално интересно во битката за првото место кое носи директно во четврт-финалето.

Покрај Веспрем во групата на Вардар се најде и Келце, кој и минатата година играше во групата со Вардар исто како и Мешков Брест и Монпелје.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/2020

ГРУПА А: ПСЖ (Франција), БАРСЕЛОНА (Шпанија), ФЛЕНЗБУРГ (Германија), AЛБОРГ (Данска), ПИК СЕГЕД (Унгарија), ППД ЗАГРЕБ (Хрватска), ЕЛВЕРУМ (Норвешка), ЦЕЛЈЕ (Словенија)

ГРУПА Б: ВАРДАР (Македонија), ВЕСПРЕМ (Македонија), КЕЛЦЕ (Полска), МЕШКОВ БРЕСТ (Белорусија), МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ (Украина), МОНПЕЛЈЕ (Франција), ПОРТО (Португалија), КИЛ (Германија)