Кристијано Роналдо моментално ужива на луксузен одмор со своето семејство, од кој повремено објавува по некој кадар на социјалните мрежи. Но, еден од нив наишол на потсмев од страна на неговите следбеници.
Португалскиот фудбалер со својата партнерка Џорџина Родригез, постариот син Кристијано Џуниор и својот брат Хуго Авеиро деновиве крстари со луксузна јахта покрај француската ривиера, а колку ужива на одморот, покажува и на социјалните мрежи.
“Одмор со семејството на француската ривиера”, напишал 34-годишниот Португалец покрај фотографијата на Твитер, но следбениците многу брзо забележале дека – семејството го нема.
“Семејството ти е прекрасно, каква прекрасна посвета”, “Под семејство мислел на своето его”, “Дали си сигурен дека си го зел семејството со себе, не го гледам на фотографијата”, се само дел од коментарите кои го насмеаја светот.
Освен ваквата фотографија, Роналдо објавил и фотографија од џакузи со Џорџина, но и уште една фотографија на кое го покажува извајаното тело.
“Поради тебе се чувствувам како дебело дете”, му порачал Ден Билзеријан.