Кенискиот атлетичар Едвард Закајо Пингва неодамна победи на трката на 5000 метри во Дијамантската лига во Рабат што привлече внимание на светските медиуми. Повторно Пингва беше цел на медиумите кои се прашуваа како овој човек е тинејџер.
Имено, Кениецот има само 17 години, а остава впечаток како двојно постар спортист. Одамна се зборува за него, но се уште нема откриено нешто сомнително. На личната карта му пишува дека е роден на 25 ноември 2001 година, од неговиот клуб тврдат дека податоците се точни, а тоа во верификуваше и Олимпискиот комитет на Кенија.
Така го регистрира и Меѓународната атлетска федерација.