Репрезентацијата на Русија се најде во групата Д од Европското првенство што ќе се одигра во јануари, а домаќин на четири селекции ќе биде Малме. Покрај Русија, во оваа група се светскиот шампион Данска, како и незгодните селекции на Унгарија и Исланд.
Селекторот на Русија и спортски директор на Вардар, Едуард Кокшаров, вели дека сакал да се најдат во групата на Македонија.
“Се разбира, сакав да се паднеме во групата каде што е Австрија. Таму се Македонија, Чешка и Украина. Во исто време, нашата групата не може да се спореди со другите две потешки групи, каде што се Франција и Норвешка, или Германија и Шпанија. Ако гледаме од тој аспект, тогаш имаме прифатлива група”, вели Кокшаров за “Брз Центар”.
Европското првенство ќе се игра од 9 до 26 јануари 2020 година.
Извор: 24rakomet.mk