Сите ја правиме оваа грешка кога вариме пченка, го отстрануваме тоа што е најздраво

ИЗВОРСкопје24
|

Малку се луѓето кои не го сакаат омилениот летен десерт – варена пченка. Освен што е вкусна, популарната пченка е и многу здрава, но кога ја готвиме, сите правиме една грешка – од дршката ја отстрануваме пченкарната свила, оние “влакна” кои речиси невозможно е сите да се излупат.

Еве зошто со пченката треба да ја јадете и свилата:

-Спречува формирање на камења во бубрезите

-Делува како природен диуретик и ја стимулира елиминацијата на вишокот течности од телото

-Го намалува шеќерот во крвта и нивото на холестерол

-Изобилува со калиум, кој го елиминира згрутчувањето на крвта

Ако не можете да јадете пченкарна свила заедно со пченка, консумирајте ја на следниов начин: одвоете ја од пченката и варете ја во малку вода. Процедете ја, па кога ќе се излади, испијте како чај.

ВАЖНО: Чај од пченкарна свила не се препорачува на бремени жени, бидејќи може да дојде до предвремени контракции.