Како најбргу да го изладите прегреаниот автомобил ?

ИЗВОРСкопје24
|

Се разбира дека клима уредот е најважен , но треба да се знае и начинот на разладување.

Деновиве во автомобилите оставени на сонце се измерени и над 74 степени , што може да биде многу опасно , не само за возачите , туку и за патниците, особено ако се деца. Затоа , доколку автомобилот ви бил на сонце подолго време , треба да го пробате советот на познавачите.

Нир Кан во специјализираниот магазин Motoring Research објави совет за најбрзо ладење на автомобилот.

Кога ќе влезете во автомобилот , запалете го моторот и климата, отворете ги сите прозорци и така возете барем една минута. Потоа затворете ги само предните прозорци и продолжете да возите уште најмалку една минута , а потоа затворете ги и задните прозорци. Со овој начин се обезбедува побрза промена на воздухот во кабината , а со тоа и побрзо разладување.

На ветробранското стакло задолжително ставајте заштитен панел . Ако имате отвор на покривот на возилото , следете го правилото дека топлиот воздух оди нагоре , така што неколку минути со вклучена клима и се разбира мотор, возете со отворен покрив.

Не размислувајте за поголемата потрошувачка на гориво со вклучената клима или отворен прозорец . Во градски услови потрошувачката е минимално повисока.

Треба редовно да ја проверувате и течноста за ладење во автомобилот и да носите резерва.