5 работи што продавачите на автомобили не сакаат да ги знаете

ИЗВОРСкопје24
|

Сите сме поминале низ тоа. Сакате да го купите вашиот прв автомобил и немате идеја што треба да правите. Половен или нов автомобил, на лизинг или целосно ваш уште од првиот ден… И покрај тоа што постојат голем број начини да купите автомобил, сепак, кога сте во преговори со продавачите, постојат 5 едноставни техники кои ќе ви помогнат да ја добиете најдобрата цена.

Не ја кажувајте први цената Првото прашање кое ќе ви биде поставено од дилерот е “Колку е вашиот буџет?“ или “Колку сакате да биде вашата месечна рата?“. Ова е едноставно трик прашање кое ќе му помогне на продавачот да ја одреди најдобрата цена, но во негова корист.

Во овој случај, вашата најдобра стратегија е да кажете нешто како:

“Заинтересиран сум за најниската цена што ќе ми ја понудите“; “Која е најдобрата цена што ќе ми ја понудите за овој автомобил“; или “Кажете ми ги цените па јас ќе ви кажам дали се во рамките на мојот буџет“. Ако продавачот ве притисне и вие мора да кажете износ, кажете 10 или 20 проценти пониска вредност од вредноста на автомобилот за кој сте заинтересирани.

Не паѓајте на фул опрема. Во денешно време фул опремата е токму тоа што им носи најмногу пари на автомобилските компании и трговците со автомобили. Најголемиот број од овие функционалности не ги користите откако ќе ги платите. Кога ќе купувате автомобил, бидете сигурни дека ќе платите за опрема која што редовно ќе ви користи. Голем дел од трговците нудат поголеми попусти на автомобилите со некомплетна опрема бидејќи ги сметаат за помалку посакувани, па тука е вашата шанса доколку сакате автомобил по најниска цена.

Никогаш не се согласувајте на дополнителна гаранција и останати програми кои ја гарантираат функционалноста на вашето возило. Најголемиот број возила се продаваат со стандардна фабричка гаранција што е доволно за нивниот животен век. Трговците ставаат маржа од 1.500 до 4.000 евра за екстра гаранција, а понекогаш ќе ви дадат и дополнителен попуст за да “загризете“.

Заобиколете го агентот за продажба и побарајте да разговарате директно со менаџерот. Продавачот е автомобилскиот бизнис е човекот во средина кој ги поврзува купувачите и менаџерот за продажба. Доколку ве пречека обичен продавач кажете му дека сакате да купите автомобил што побрзо и дека би сакале да разговарате директно со неговиот надреден. Ова може да ви помогне да добиете дополнителен попуст и да остварите добра релација која ќе ви помогне при купување на дополнително возило во иднина.

Истражете пред да се впуштите во купување. Замислете дека сте истражиле се за автомобилот кој сакате да го купите. Одите во автомобилскиот салон и ги знаете сите функционалности, перформанси, предности и слабости на автомобилот. Со еден збор знаете повеќе и продавачот кој сака да ви го продаде возилото. На овој начин добивате кредибилитет и самодоверба во преоговрите кои со сигурност ве ставаат во поповолна положба.