|
Дека новинарството не е баш лесна работа се покажа изминатиот викенд на меч од руската лига.
Имено новинарот Евгени Евневич се јав во живо од еден од руските стадиони, па доживеа вистинска драма. Во моментите кога беше во етер на стадионот се вклучија прскалките, а една беше токму покрај новинарот.
Евеневич за секунда беше целиот мокар, но покажа неверојатна смиреност кон својата работа и не дозволи тоа да му го расипе јавување од стадионот на ЦСКА Москва.
Тој зборуваше за статусот на играчит на ЦСКА, Кристијан Бистровиќ, а потоа млазот за малку ќе го срушеше.