Незгоден пресврт, сега виси првото место на Ѓоковиќ

|

Многу лесно може да се случи Новак Ѓоковиќ да не ја заврши сезоната на првото место на АТП листата иако по Вимблдон речиси никој не замислуваше такво сценарио.

Со елиминацијата во осминафиналето на УС Опен, тој загуби 1.820 бода и веќе е преполовена разликата меѓу него и Надал од пред почетокот на турнирот. Ако шпанскиот ас ја освои титулата во Њујорк, разликата меѓу нив двајца ќе биде едвај 1.095 бода.

Уште полошо е тоа што до крајот на сезоната Ѓоковиќ брани титула на Мастерсот во Шангај и финалиња во Париз и Лондон, односно вкупно 2.600 бода. Единствена шанса за заработка има во Токио кој е турнир од серијата 500, освен ако дополнително не се пријави на некој од турнирите.

Од друга страна Надал до крајот на сезоната не брани ништо бидејќи лани по УС Опен не настапи на ниеден турнир. Тоа значи дека, теоретски, може да освои над 3.000 бода што сигурно би му донело прво место.

Својата шанса ја чека и Федерер кој веќе е во добивка на УС Опен, а до крајот на сезоната брани една титула (во Базел) и вкупно 1.620 бода.