|
Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао од вечерва е нов фудбалер на турскиот шампион денеска Галатасарај. Поранешниот фудбалер на Порто, Атлетико Мадрид, Челзи, Манчестер Јунајтед и Монако, како слободен фудбалер ја одбра својата нова средина.
Скоро 30.000 навивачи на Галатасарај го чекаа Фалкао на аеродромот. Ваква еуфорија фановите на „жолто-црвените“ не паметат од времето кога во Истанбул пристигна Дидие Дрогба.
Фатих Терим се надева дека со Фалкао и Бабел, Галатасарај ќе игра значајна улога и во Лигата на шампионите.
- Пристигнувањето на Радамел Фалкао во Истанбул: