Пресврт во кариерата на Роналдо: Не ми е гајле за индивидуалните награди

|

Човекот кој цела кариера ја помина бркајќи бројки и лични рекорди, на прагот на 36. година од животот тврди дека повеќе не го интересираат такви работи.

Откако на Литванија и даде четири гола и во новата сезона веќе има шест погодоци, португалскиот ас изјави дека е фокусиран на тимските успеси, како во националниот тим, така и во Јувентус.

„Не го играм фудбалот за индивидуалните награди, тие се последица на она што го остваруваме на колективен план. Тоа важи и за Златната топка иако, нема да лажам, убаво е чувството кога се освојуваат“, изјави Роналдо.

Со пет Златни топки, тој е ко-рекордер, заедно со неговиот најголем ривал Лионел Меси.