|
Најмалиот „Господар на прстените“ во доработената 40 TFSI изведба пристигнува со одлични 240 коњски сили.
Познатата тјунерска компанија ABT има нов експонат – станува збор за најмалиот член на семејството на Audi, моделот A1 Sportback.
Овој пат, моделот е достапен со надградба на моторот која од 40 TFSI изведбата носи 240 коњски сили и 360 Nm максимален обртен момент.
Три одлични „пресеци“ под хаубата, кратко меѓуосовинско растојание и турбополначот гарантираат многу забава во возењето. ABT повторно заврши одлична работа.