|
Летната сага што траеше три месеци не заврши посакувано за Барселона и Нејмар, па каталонскиот клуб ќе прави нова стратегија за во иднина.
Мундо депортиво во своето денешнио издание пишува дека раководството сериозно ја разгледува опцијата идното лето да тргне по друг фудбалер на ПСЖ – Килијан Мбапе. Причина за тоа е фактот дека тој е помлад од Нејмар, но и дека не е подложен на повреди како неговиот соиграч и бразилски репрезентативец.