|
Кристијано Роналдо не можеше да ги сокрие солзите откако за време на интервју со британскиот новинар Пирс Морган му беа покажани снимки од татко му. Морган успеал да најде видео од Жозе Динис Авеиро како зборува за Кристијано, во пресрет на ЕП 2004.
„Неверојатно, никогаш досега го немам видено ова видео. Никогаш го немам видено… мислев дека ова ќе биде забавно интервју, но ете се расплакав… Постигнав многу во животот, станав број 1 во светот на фудбалот, но татко ми никогаш не го виде тоа“ – прокоментира емотивниот Португалец.
Таткото на Роналдо почина една година подоцна од откажување на црниот дроб, пропуштајќи да ги види најголемите успеси на синот.