Александар Ѓорѓевиќ се повлече од селекторската функција во српскиот национален тим, но Игор Кокошков нема да биде негов наследник како што се најавуваше пред неколку дена. Клупските обврски на Кокошков во стручниот штаб на Сакраменто кингс се причина за ваквиот расплет, па сега главен фаворит за нов кормилар на „орлите“ е Саша Обрадовиќ.
Поранешниот стратег на Алба Берлин и на Локомотив Кубан сега се наоѓа на чело на Монако, чии челници се подготвени да му излезат во пресрет за да Обрадовиќ и да дадат зелено светло за тој паралелно со „кнезовите“ да ја води и националната селекција на својата татковина. Првите обврски новиот селектор ќе ги има во февруари, на квалификациските средби со Финска и Грузија за Евробаскет 2021.
Токму овие натпревари беа главна пречка за Кокошков да не може да има репрезентативен ангажман, но Обрадовиќ нема таков проблем. Се очекува во следните дваесетина дена да биде одржан состанок на највисокото раководство на Кошаркарската Федерација на Србија, на кој Саша Обрадовиќ и официјално ќе биде промовиран во наследник на Александар Ѓорѓевиќ.