Храна што треба да ја консумирате доколку седите во текот на целиот ден

|

Знаеме дека седењето во текот на целиот ден е штетно за здравјето, но кога ќе се земе предвид денешниот начин на живот, седењето е неизбежно.

Но, седењето не само што ќе ви ја намали кондицијата, туку може да предизвика воспаленија во телото, висок крвен притисок и високо ниво на шеќер во крвта.

Поради тоа, доколку поголемиот дел од денот го минувате во седење, мора да внимавате на храната што ја консумирате.

Ова е храната што треба да ја внесете во вашето мени:

Шумско овошје

Шумското овошје е богато со флавоноиди кои пак ги смируваат воспалителните процеси во организмот. Најдобро е да го консумирате наутро – можете да направите смути или мусли со него.

hrana-shto-treba-da-ja-konsumirate-dokolku-sedite-vo-tekot-na-celiot-den-02.jpg

Јаткасти плодови

Оревите се богати со омега 3 масни киселини, а бадемите, пак, содржат многу витамин Е. Овие состојки го одржуваат здравјето на кожата.

hrana-shto-treba-da-ja-konsumirate-dokolku-sedite-vo-tekot-na-celiot-den-03.jpg

Ананас

Во ананасот има многу бромелаин – состојка со антивоспалителни дејства.

hrana-shto-treba-da-ja-konsumirate-dokolku-sedite-vo-tekot-na-celiot-den-04.jpg

Маслиново масло

Маслиновото масло има антивоспалително својства и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

hrana-shto-treba-da-ja-konsumirate-dokolku-sedite-vo-tekot-na-celiot-den-05.jpg

Куркума

Овој зачин не само што ѝ дава одличен вкус на храната, туку е навистина здрав и има антивоспалително дејство.

hrana-shto-treba-da-ja-konsumirate-dokolku-sedite-vo-tekot-na-celiot-den-06.jpg

Лук

Лукот може да ги намали воспаленијата во организмот и да ги регулира шеќерот и маснотиите во крвта.

hrana-shto-treba-da-ja-konsumirate-dokolku-sedite-vo-tekot-na-celiot-den-07.jpg

Риба

Рибата, особено лососот и харингата, содржи многу омега 3 масни киселини. Бидејќи телото не може само да ги произведе, важно е да ги внесувате преку храна.

hrana-shto-treba-da-ja-konsumirate-dokolku-sedite-vo-tekot-na-celiot-den-08.jp.jpg

Авокадо

Авокадото содржи незаситени масни киселини кои се одлични за вашите мускули. Истовремено, авокадото ќе ви помогне да ги намалите и масните наслаги од стомакот.

hrana-shto-treba-da-ja-konsumirate-dokolku-sedite-vo-tekot-na-celiot-den-09.jpg