Апсолутно заслужено: Наш Нико е играч на денот

|

Чекавме и дочекавме. Македонија се пласираше на првото историско ЕП, а во четвртиот меч дојде до првата победа на континенталниот собир.

Синоќе во меч игран во четири сета славевме над Белорусија со 3-1 иако во по воведниот сет имавме негатива од 0-1 што дава дополнителна тежина на победата.

Нашиот капитенот Никола Ѓоргиев беше нерешлива енигма за противниците и запиша неверојатни 37 поени.

Ѓоргив против Белорусите одигра маестрален меч, што не остана незабележително од страна на ЦЕВ. Тој беше прогласен за најдобар играч во групата Ц.

Кога ќе се погледнат најдобрите играчи во останатите групи, Анастасис Протопсалтис од Грција (16 поени) од групата А и Вилфредо Леон од Полска (15 поени) од групата Д, јасно е дека наш Нико е апсолутен победник во оваа конкуренција.