Сите знаат колку бананите се добри за здравјето, но на малкумина им е познато дека нивната кора може да биде исто така многу корисна.
Најверојатно не сте знаеле дека и таа се јаде, исто како и плодот, но и дека со неа можете да ги пребришувате билки, да го омекнете месото и да ги отстраните акните.
Ви предлагаме неколку начина на кои можете да ја искористите кората…
Кората е полна со хранливи материи. Содржи витамини Б6 и Б12, како и магнезиум и железо. Во неа може да се најдат влакна и протеини. Измијте ја кората од банана и варете ја 10 минути за да омекне и потоа можете да ја консумирате.
Омекнете го месото
За да го претворите белото месо во сочни залчиња, во тавчето ставете и кора од банана. Благодарение на неа, месото ќе биде меко и вкусно.
Исчистете ги листовите на растенијата
Со кората од банана можете да ги пребришете листовите на вашите собни растенија. Ќе се исчистат од прашина, ќе се нахранат, но ќе добијат и свеж сјај.
Отстранете ги акните
Кората од банана содржи ензими што имаат позитивен ефект врз кожата и ја хранат. Па затоа, премачкајте го лицето со внатрешната страна на кората. На истиот начин, кората помага и за лекување хемороиди.
Избелете ги забите
Се’ што треба да направите е да ги триете со внатрешната страна на кората две минути пред миење. Брзо ќе видите резултати.
Намалете го чешањето
Особено по убод од комарец. На местото на убодот ставете кора од банана и чешањето брзо ќе престане.
Ублажете ги симптомите на депресија
Познато е дека бананата влијае позитивно врз расположението. Направете чај од кора од банана. Во мал сад со зовриена вода додајте кори од две банани. Оставете ги заедно да вријат 10-15 минути, а потоа сипете го чајот во шолја. Ќе ви помогне за несоница, а и ќе ви го хидрира телото.