Американските сопственици на Манчестер Јунајтед семејството Глејзер нема да го притискаат тимот да се бори за титулата во Премиер лигата барем во наредните две сезони. Според „ЕСПН“ Глејзери одобриле тригодишен план, во кој клубот треба да се подобри затоа што во моментов Манчестер Јунајтед е далеку зад Ливерпул и Манчестер Сити.
Сопствениците на Јунајтед сфатиле дека е потребно трпение, а го зеле примерот со изградбата на тимот на Ливерпул. Од таму не барале од Јирген Клоп резултати во првите 18 месеци. Клоп доби време за анализа, составување на екипата и насочување кон борба за титулата.
Па така е планот на Јунајтед со Оле Гунар Солскјер. Норвежанецот ќе добие време да изгради тим кој ќе биде конкурентен. Па според тоа првите луѓе на клубот очекуваат борба за титулата во сезоната 2021/22.
Јунајтед последен пат ја освоил титулата во 2012/13 последната сезона под водство на сер Алекс Фергусон.