Неповторливиот Мурињо: Сними „специјална“ реклама, го „пецна“ Венгер и го откри идниот клуб

|

Мурињо сними фантастична реклама за обложувалницата „Педи Пауер“, а на комичен начин се осврна на својата кариера, потсети на најважните детали, а не заборави да го „закачне“ и својот голем ривал Венгер, но изгледа дека тука е најавата и за новиот клуб.

Рекламата започнува со тоа што Мурињо чита весник, на последната страна е прашањето кого ќе преземе „Специјалниот“, на ѕидот е фотографија од славното лизгање на аут-линијата кога Порто го елиминираше Јунајтед и подоцна дојде до тројната круна.

„Не е лесно да се биде посебен, да објаснам“, вели Мурињо додека оди низ собата со трофеи. Алудира дека секаде освојувал титули, но и вели дека не сите достигнувања се завршени со трофеји.

Потоа се појавува исечок од весникот во кој пишуа „Јунајтед дојде до второто место“, тоа Мурињо во неколку наврати истакна дека го смета за најголем успех во кариерата.

Откако инсистира дека „Специјалноста не може да се купи“, тој ја средува грмушката која претставува три прсти.

Фамозните три прсти кои ги покажа кога се врати на „Стемфорд Бриџ“, а некои навивачи го навредуваа, ги потсети дека им донесе три титули.

На тројната круна со Интер, на сличен начин ги потсети навивачите на Јувентус, по навредите во Лигата на шампионите.

Потоа Мурињо се симна во пералната, тука стои корпа со алишта, констатираше иронично дека специјалноста значи и да ги почитувате правилата. Алуизја на ситуацијата од 2005. година кога се прошверцува и покрај суспензијата во корпата за алишта во соблекувалната на Челзи во меч од Лигата на шампионите.

Има уште многу детали во рекламата, на вратата му пристигнува момче кое му носи писмо на кое пишува „Хер Мурињо“. Алузија на Баерн и на тоа што учи германски јазик, но потоа во библиотеката се гледаат и книги како „Воајер“, што е навреда за Венгер кого еднаш така го нарече.

Успеа да го „боцне“ на крајот со зборовите дека на сите на крајот им се суди по резултатите.

Неповторливиот Мурињо…