Колку изнесува К15 оваа година

|

Сите оние работат во приватни фирми, до крајот на 2019-та година мора да добијат регрес за годишен одмор, во јавноста познат како К-15 исплата.

Оваа година К-15 ќе изнесува, почнувајќи од минимални 9.610 денари до 14.090 денари.

Инаку пресметката се прави според 40 отсто од износот на просечната нето плата исплатена во последното тромесечје поточно 40 отсто од износот на просечната бруто плата во тримесечниот период.

За да се добие К-15 треба да се исполнува условот вработениот да бил на служба во фирмата најмалку шест месеци во календарската година за која ја добива исплатата..

Право на К-15 има секој вработен еднаш во годината. Сите работодавци кои нема да исплатат К-15 или ќе ги побараат парите назад, се соочуваат со казни во висина до четири илјади евра, односно 246 илјади денари.