Ангеловски: Верувам во моите момци, со Словенија на победа!

|

Македонската фудбалска селекција ги стартуваше подготовките за претстојните два квалификациски меча за ЕП, прво со Словенија во Скопје, а потоа нагости во Полска.

Иако некомплетни, поради повредите на неколку првотимци, сепак селекторот Ангеловски истакна дека целите остануваат исти, а тоа е победа во Скопје и добар резултат со Полска.

Првенствено важен меч за Македонија е мечот со Словенија кој се игра во Скопје и каде мора да се оствари победа.

Го загубивме Барди, како што и се најавуваше, а поради суспензијата на Бејтулаи, во селекцијата ги повикав Стоилов и Младеновски. Покрај повредите, јас верувам во квалитетот на останатите момци. Знам дека можеме да дојдеме до победа против Словенија. Победата е нашиот најпосакуван исход“, рече Ангеловски.