Аргентинската суперѕвезда во интервју за Радио Каталонија призна дека го изненадил развојот на настаните ова лето со Нејмар.
Фудбалерот на ПСЖ не криеше дека сака да се врати на Камп Ноу, но по долгите и мачни преговори, до трансфер не дојде. Интерес за него покажа и Реал, но не успеа да го донесе во своите редови.
„Искрено, мислев дека Нејмар ќе оди во Реал откако не се договори со Барса. Знам дека навистина сакаше да го напушти Париз и да почне нова етапа во кариерата. Сметав дека Флорентино Перес ќе биде упорен со него и ќе успее да го ангажира“, изјави Меси.
Нејмар беше член на Барселона од 2013 до 2017 година кога замина во ПСЖ за рекордна отштета од 222 милиона евра. Во францускиот клуб не се прослави, доживеа две тешки повреди летово сакаше да стави крај на оваа епизода. Сепак, не успеа во својата намера, а по враќањето постигна четири гола за ПСЖ со кои му донесе победи на својот тим.