Македонската одбрана го сопре Роберт Левандовски, но Премислав Франковски и Аркадиуш Милик влегоа од клупата и го решија натпреварот. Полска славеше со 2-0 и се пласира на ЕП 2020, а нашите фудбалери ќе имаат уште една шанса преку Лигата на Нации. Најголемата ѕвезда на полскиот состав, Роберт Левандовски, вели дека Македонија беше жилав ривал, но дека сепак Полска е поквалитетен тим.
„Ја остваривме целта. Нема еуфорија, го покажавме квалитетот иако мора да се признае дека Македонија беше жилав ривал. На полувремето се договоривме да продолжиме мирно, знаевме дека ќе создадеме шанса и ќе постигнеме гол. Франковски и Милик влегоа од клупата, донесоа свежина и погодија кога беше потребно. Не бевме идеални, има грешки, но ќе треба да ги анализираме тие моменти и да се обидеме да и подобриме веќе за следните мечеви“, изјави Роберт Левандовски.