Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, остро ја коментираше работата на актуелната управа на клубот со кој славниот Берло стана најтрофеен претседател во Европа на еден клуб.
Тој смета дека Милан се води во бездна и прилично лошо, па ги повика првите луѓе на клубот буквално да го вратат неговиот стар Милан.
„Банкрот? Тоа е фраза која некој треба да ја каже само доколку влегува во тоалет и ја затвори прво вратата. А на прашањето како да го вратиме Милан на старите патеки и да го направиме голем, повторно ги комплицираме работите, а работите се јасни и прости, вратете го клубот во рацете на Силвио Берлускони“, порача самиот Берлускони за Теле Ломбарди.
Берлускони во моментов ја води екипата на Монца, која неодамна во пријателски меч го победи Милан со 3:0, а амбициите на клубот се во догледно време да дојдат до Серија А и да бидат рамо до рамо со останатите калчолигаши.