|
Затворските казни кои ги добија поранешните лидери на Каталонија повторно ги зовреа страстите во оваа шпанска покраина што се бори за отцепување од Шпанија.
Ова се случува на неполни две недели пред Ел Класико што упатува на тоа дека политиката повторно ќе биде во прв план на најголемото европско дерби. Овие натпревари, особено кога се играле на Камп Ноу, често добивале ваква конотација, а актуелната атмосфера во Каталонија речиси сигурно ќе се одрази на натпреварот што е планиран за 26 октомври во 13 часот.
По подолго време најверојатно Реал ќе го дочека дербито како лидер на табелата што ќе биде уште една причина за Камп Ноу да биде исполнет до крај.